Дома Фудбал Италија После превидот на натпреварот Јувентус – Салернитана Серија А воведува ново правило

После превидот на натпреварот Јувентус – Салернитана Серија А воведува ново правило

Претходно ФИФА најави дека полуавтоматскиот офсајд ќе се користи на Светското првенство Катае, а веќе „дебитираше“ и во Лигата на шампионите на мечот помеѓу Клуб Бриж и Баер Леверкузен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дел од фановите не се задоволни, но факт е дека модернизацијата и подобрувањето на ВАР е иднината на фудбалот. За тоа доказ се последните вести од Италија.

Серија А планира да го забрза процесот на воведување полуавтоматски офсајд и оваа технологија Италијанците би можеле да ја воведат пред почетокот на Светското првенство. Идејата за забрзување доаѓа после големиот превид на натпреварот помеѓу Јувентус и Салернитана.

„Газета“ објави дека ситуацијата од Торино ги натерала водечките луѓе во Серија А побрзо да го имплементираат овој систем и планот е се да биде завршено до октомври.

Целта е да се намали времетраењето на ВАР проверката од 70 на 25 секунди, но веројатно ќе биде и поефективен и поточен. Тој функциониора со сензор во топка која испраќа 500 податоци во секунда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА воведува големи правила за СП: Исчезнува трикот што тренерите сѐ почесто го користеа

На Светското првенство 2026 година повеќе нема да гледаме сцени каде повредата на голманот…