Динамо Загреб каде што настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски остана без тренер откако клубот го отпуштиу Жељко Копиќ по поразот во првенствот од Хајдук.
44-годишниот стратег го остави тимот на лидерската позиција, но само со два бода повеќе од Осијек и четири од Хајдук.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Динамо известува дека Жељко Копиќ повеќе не е тренер на првиот тим. Го предводеше Динамо на 19 официјални натпревари и на пет пријателски натпревари. На официјалните натпревари во ХНЛ и Лига Европа запиша 13 победи, две реми и четири порази со гол разлика од 27:10. Посебно ги истакнуваме победите против Вест Хем и Севиља во Лига Европа“, соопштија од Динамо.
До крајот на сезоната тимот ќе го предводи Анте Чачиќ, како привремен тренер. Чачиќ го предводеше тимот на Динамо од 2011 до 2012 година, а тогаш ги освои титулите во хрватската лига и Купот