Дома Останати После повеќе од една година: Трамп го победи О’Саливен и стигна до титула

После повеќе од една година: Трамп го победи О’Саливен и стигна до титула

trump

Џад Трамп го победи Рони О’Саливен во финалето на турнирот во Белфаст.

Трамп во интересен меч на крајот победи со 9:7. После првата сесија беше изедначено, 4:4, а неизвесноста се продолжи и после завршувањето на паузата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со брејк од 134 Саливен дојде до водство од 7:6, но потоа во наредните два фрејма со неколку грешки му помогна на Трамп да стигне до водство кое неговиот ривал го искористи на одличен начин.

Кога во прашање е Трамп сигурно дека повеќе од наградата во износ од 70.000 фунти му вреди тоа што после повеќе од една година стигна до голема титула. За Трам ова е деветта титула која се смета во поредокот на светската ранг листа.

Светскиот игач број три, Рони О’Саливен минатата недела победи на шампионатот во Ковентри, а славеше и во Шангај, но против петопласираниот во светот не можеше ништо иако неговите навивачи очекуваа многу посебно после спектакуларното полуфинале против Марк Селби (6:5).

„Одлично е чуството повторно да се победи. Бев нервозен во текот на последниот фрејм. Имав свои шанси во последните фрејмови и само се трудев да останам прибран и да ги искористам своите шанси. Никогаш не му недостасувала самодоверба, но често ми недостасуваше среќа во вакви ситуации“, изјави Трамп после победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатниот Дуплантис по осми пат си го сруши сопствениот рекорд

Неверојатниот Арманд Дуплантис неколку години наназад ги поместува границите во светската …