Дома Топ вести После Алаба, Реал „врбува“ уште една ѕвезда на Баерн

После Алаба, Реал „врбува“ уште една ѕвезда на Баерн

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за играчот за врска на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Леон Горецка.

Горецка има договор со Баерн до 2022 година и влезе во последната година од договорот, а двете страни се уште се далеку од договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баварците сакаат да го задржат Германецот, но во исто време се плашат дека може да им се повтори случајот со Давид Алаба и играчот да замине без обештетување.

Таквата ситуација сака да ја искористи Реал Мадрид и веќе стапил во контакт со агентите на Горецка, пренесува „Билд“.

Баерн не може да си ја дозволи платата која ја бара Германецот, додека „кралевите“ се спремни да ги задоволен неговите финансиски апетити.

„Билд“ пренесува дека Реал е спремен да го донесе Горецка следното лето како слободен агент, исто како Давид Алаба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…