Дома Трансфер зона Последни две понуди за Погба, на потег е Јунајтед!

Последни две понуди за Погба, на потег е Јунајтед!

Судбината на Пол Погба и понатаму виси во воздух.

Имено, Реал и Јувентус се спремни да платат 170 милиони евра за Французинот, но Јунајтед бара 200. Но, двата клуба очекуваат од Раиола, но и од самиот Погба да го олеснат трансферот, од другата страна Манчестер Јунајтед нема да попушти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каков би можел да биде расплетот?

„Ѓаволите“ треба да го реализираат доаѓањето на Мегваер и Фернандес, тоа ќе бидат повеќе од 150 милиони евра, но мораат да го продадат Погба. Од другата страна, ако тој побара трансфер, работите би можеле да станат неподносливи. Реал се надева дека ќе го убедат Погба со тоа што ќе му понудат плата која ја има Бејл, околу 15 милиони евра, толку заработува во Јунајтед. Јувентус не може толку да плати, освен евентуално низ спонзорските договори, но има карта на која сака да заигра, Диабала кој е цел на Јунајтед.

Јуве би платил околу 90 милиони, би го испратил Аргентинецот на „Олд Трафорд“ и така би добил огромно засилување. Погба не има ништо против да се врати во клубот, тука нема неизвесност, едноставно навивачите и соиграчите го обожуваат. Се е во рацете на Јунајтед, ако не биде трансферот во следните десет дена, тешко дека ќе видиме промена до крајот на август, иако Реал најавува дека до крајот на летото ќе се обиде да го доведе Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …