Познатиот хрватски ракометар Златко Сарачевиќ вечерва почина на 59. години од својот живот.
Сарачевиќ после натпреварот на Подравка против Локомотива даде изјава, по која заедно со Барбара Станчин, тренерот на голманите во екипата се упатиле кон дома и за време на патувањето му се слошило после што настанала смртта.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тимот на Подравка во овој натпревар славеше над Локомотива со 32-29, а Златко после натпреварот ја даде следната изјава:
„Им честитам на сите што го издржаа ова. Морам да признаам дека притисокот беше огромен. Локомотива е вистинска екипа во која играат седум освојувачки на бронзени медали и штета што немаше публика.“ – рече Сарачевиќ.