Дома Фудбал Останато Португалците го критикуваат Роналдо: Не може така да ја фрлаш капитенската лента!

Португалците го критикуваат Роналдо: Не може така да ја фрлаш капитенската лента!

Потегот кој Кристиано Роналдо го направи во Белград не наиде на одобрување кај сите во Португалија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По последната минута не му беше признат чист гол на Кристиано Роналдо, иако топката со цел обем ја мина гол линијата.

Роналдо беше револтиран и ја фрли капитенската трака кога излегуваше од стадионот, а тој потег го критикуваше поранешниот португалски репрезентативец, Фернандо Меира.

„Јасно е дека беше гол, но Роналдо себе не смее да си дозволи така да ја фрла траката на терен. Неговара реакција околу голот е природна, но се потоа е претерано. Не може да ја фрлите траката и да одите во соблекувална, тоа е неприфатливо за еден капитен“, изјави Меира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатно: Кејн го урна државниот рекорд!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, вечерва изјави дека е исклу…