Дома Фудбал Останато Португалските медиуми: Кражба во Белград📷

Португалските медиуми: Кражба во Белград📷

Натпреварот помеѓу Србија и Португалија во квалификациите за СП заврши без победник (2:2), но со големи контроверзии на крајот.

Имено, во последната минута не му беше признат чист гол на Кристиано Роналдо, иако топката со цел обем ја мина гол линијата.

Португалските медиуми натпреварот во Белград го опишуваат како невиден скандал и грабеж.

„О Жого“ на насловната страница напиша „Скандал во Белград“, за „Рекорд“ во прв план е „Кражбата“ на главниот судија Дани Макели додека „А Бола“ пишува дека е срамота што нема ВАР во вака важни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Очај за поранешниот шампион: Лестер ако вака продолжи, може да испадне и од трета лига!

Лестер Сити прими нов тежок удар. Поранешниот шампион на Англија доживеа пораз со 4:0 од О…