Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Португалија без Роналдо ја прегази Швајцарија

Португалија без Роналдо ја прегази Швајцарија

Португалската репрезентација супериорно ја надигра Швајцарија и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство.

Роналдо започна на клупата за резерви, а херој за Португалците овој пат беше Гонзало Рамос, кој постигна хет-трик.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Токму Рамос го отвори резултатот во 17-та минута, а Пепе зголеми на 2:0 во 33-та минута, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Португалија повторно тргна фуриозно и во првите десет минути постигна уште два гола преку Рамос и Гуереро, а Аканџи во 58-та минута намали на 4:1.  Десет минути подоцна Рамос го комплетираше хет-трикот за 5:1.

Роналдо во игра влезе во 73-та минута, а конечните 6:1 беа дело на Рафаел Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Мареска ќе го замени Пеп во Манчестер Сити, а со себе носи спектакуларно засилување

Енцо Мареска е човекот кој ќе го наследи Пеп Гвардиола на позицијата менаџер на Манчестер …