Дома Фудбал Поранешниот тренер на Реал: Зошто фудбалерите да имаат предност во тестирањето за коронавирус?

Поранешниот тренер на Реал: Зошто фудбалерите да имаат предност во тестирањето за коронавирус?

Хозе Антонио Камачо не верува дека фудбалерите би требало да имаат предност кога во прашање е тестирањето на коронавирусот во споредба со останатите луѓе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалот во Шпанија би требало да се врати во следниот месец, па фудбалерите масовно се тестираат за да се обезбеди сигурност во враќањето на терените.

На поранешниот тренер на Реал Мадрид некои работи не му се јасно. Камачо во интервју за „Радио Марка“ изјави дека не му е јасно зошто сите луѓе не се тестираат како и фудбалерите.

„Зошто фудбалерите се привилегирани? Зошто сите не можат да направат тест? Посебно оние кои се во првите борбени редови. Фудбалерите треба да тренираат поединечно така потешко би се заразиле. Ако фудбалот се врати ќе биде убаво затоа што луѓето ќе имаат во што да уживаат во ова лошо време“, изјави Камачо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го купи Нико Паз од Комо за девет милиони евра, па му го продаде 60

Реал Мадрид донесе очекувана одлука за трансфер на својот млад талент ова лето – Нико Паз …