Дома Фудбал Поранешниот тренер на Милан и Интер сега ќе ги преводи Ето и Насри

Поранешниот тренер на Милан и Интер сега ќе ги преводи Ето и Насри

Поранешниот тренер на Милан и Интер, Бразилецот, Леонардо од денес е нов тренер на турскиот прволигаш Анталиспор, каде што настапуваат Самуел Ето и Самир Насри.

Леонардо на клупата на турскиот клуб ќе го замени Ризу Калимбу кој мораше да го напушти клубот поради лошите резултати.

„Со Леонардо потпишавме двегодишен договор со него можеме да ја прекинеме доминацијата на клубовите од Инстанбул и да избориме пласман во европските натпреварувања“, објавено беше на официјалната страна на Анталиспор.

Иначе Леонардо како тренер работеше само во Милан и Интер и без тренерски ангажман е цели шест години, од кога го напушти Интер и ја превзема функцијата спортски директор во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсими бара три бода во Гостивар и одговор за августовскиот пораз од Брегалница

По ремијата со Силекс и Тиквеш, Арсими ја пречекува Брегалница со јасна победничка амбициј…