Поранешниот голман на Барселона и помошник тренер на Каталонците под Луис Енрике, Хуан Карлос Унзуе, откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
АЛС е болест што предизвикува смрт на невроните кои ги контролираат мускулите и не постои лек.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Добро се снаоѓам, имав привилегија да водам убав живот и сега имам привилегија да зборувам за АЛС, болест што секој може да ја добие. Заедно со Фондацијата Лузон ќе се обидам да го подобрам квалитетот на живеење за мене и за другите што страдаат. Се надевам дека во блиска иднина ќе има решение за оваа болест“, изјави Унзуе на пресконференција.
53-годишниот Унзуе беше голман на Барселона, а потоа се врати на „Камп Ноу“ како помишник на Луис Енрике од 2014 до 2017.