Дома Фудбал Англија Поранешниот талент на Јунајтед исчезна, клубот го бара, никој не знае каде е!

Поранешниот талент на Јунајтед исчезна, клубот го бара, никој не знае каде е!

Равел Морисон, некогаш голема надеж на Манчестер Јунајтед и „лошото момче“ на англискиот фудбал, повторно е во центарот на вниманието.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На Морисон му се предвидуваше голема кариера, но откако не доби шанса на „Олд Трафорд“ се пресели во Вест Хем каде помина три години.

Потоа смени многу клубови во Англија како и италијанскиот Лацио и макесиканскиот Атлас.

Во февруари оваа година потпиша за шведски Остерсундс, но само после шест одиграни натпевари исчезна и никој не знае каде е.

Шведскиот клуб потврди за тоа дека нема информација каде се наоѓа Равел Морисон во моментов.

„Немаме никаков контакт со него. Во текот на паузата која ја имавме ги спакува работите и замина. Ништо не наговестува дека може да се врати“, соопштија од клубот.

Морисон исто така беше повикан за репрезентацијата на Јамајка, но не се појави ни на припремите за Голд Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …