Дома Фудбал Италија Поранешниот соиграч и тренер на Пандев официјално е наследникот на Михајловиќ

Поранешниот соиграч и тренер на Пандев официјално е наследникот на Михајловиќ

Тијаго Мота од денес и официјално е нов тренер на италијанска Болоња.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мота во Болоња пристигнува како замена за Синиша Михајловиќ кој доби отказ после серијата лоши резултати на почетокот од сезоната.

Со италијанскиот клуб поранешниот соиграч и тренер на Горан Пандев потпиша двегодишен договор. Според информациите на италијанските медиуми тој ќе заработува еден милион евра по сезона.

Иако е потврден неговиот ангажман тој нема да дебитира викендов против Фиорентина. Низ кариерата како играч Мота настапуваше за Барселона, Атлетико, Интер, ПСЖ…За разлика од играчката неговата тренерска кариера засега гради во помали клубови.

Минатата сезона беше тренер на Специја со која успеа да избори опстанок, а потоа во взаемен договор со управата си замина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“ од Барселона: Флик отпиша една од ѕвездите

Вистинска бомба пристигнува од Барселона. Тренерот на каталонскиот великан, Ханси Флик, ја…