Тимот на Реал Мадрид вчера запиша пораз во големото дерби против Барселона во рамките од полуфиналето на шпанскиот куп.
„Кралевите“ покажаа голема неефикасност, а од друга страна Каталонците искористија скоро се и однесоа победа од 0:3. Резултатот веројатно не е реална слика на она што се случуваше на теренот, но во фудбалот се бројат само головите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во јавноста по повод ова „Ел Класико“ се огласуваше поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон.
Калдерон прво промашувањата на Реал ги поврзува со заминувањето на Роналдо кој денес го носи дресот на Јувентус.
„Реал Мадрид беше многу подобар од Барселона, создаде повеќе шанси. Штета е што човекот кој порано ги завршуваше акциите сега живее во Торино“, порача Kaлдерон, а потоа ја допре и темата за наследник на Солари.
El @realmadrid jugó mucho mejor que el Barcelona y tuvo muchas ocasiones para ganar el partido. Una pena que quien antes las convertía en gol ahora viva en Turín.
— Ramón Calderón (@rcalderonorg) February 27, 2019
„Имам чуство и нешто повеќе од тоа дека Мурињо наредната сезона ќе го преводи Реал Мадрид“, смета Калдерон.
Tengo la sensación, y algo más, de que la próxima temporada Mourinho se sentará en el banquillo del @realmadrid
— Ramón Calderón (@rcalderonorg) February 27, 2019
Калдерон неодамна јавно го критикуваше Перез за заминувањето на Роналдо.
„Откако клубот ја освои Лигата на шампионите Роналдо од Флорентино побара поголема плата. Флорентино пак не сакаше да слушне за такво нешто, па дури и му порача дека ако некој клуб за него понуди 100 милиони евра може веднаш да си замина. Таквиот однос многу го налути Роналдо затоа што претходно ги имаше слушнато гласините дека Перез ќе направи се за да го доведе Нејмар за кого е спремен да плати многу повеќе. Роналдо едноставно беше гневен затоа што за него Перез нема пари, за Нејмар има и повеќе“, гласеше изјавата на Калдерон за шпанското радио „Вила Тринидад“.