Дома Фудбал Поранешниот претседател на Реал: Нејмар не би го купил. Погба? Можеби

Поранешниот претседател на Реал: Нејмар не би го купил. Погба? Можеби

neymar

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон зборуваше за потенцијалните засилувања на Реал Мадрид во летото кое следи.

Во медиумите на големо се пишува дека Реал Мадрид ова лето ќе потроши 500 милиони евра на засилувања. Едни од фудбалерите кои се поврзуваат со Реал Нејмар и Пол Погба.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Поранешниот прв човек на Реал, Калдерон смета дека Нејмар не би се снашол помеѓу „кралевите“, но затоа има добро мислење за Погба.

„Нејмар е навистина голем играч, но јас не го гледам во Реал Мадрид. Неговото однесување не ми е препорака дека ќе се снајде во Реал. Погба? Можеби. Тој е играч за кој Зидан јавно кажа дека му се допаѓа“, изјави Калдерон, кој потоа изрази и сомневање за финансиите.

„Можеби постои проблем со парите. Претседателот се одлучи да ивестира неверојатни суми во новиот стадион“.

Погба и Нејмар засега не се блиску до Реал, но затоа фудбалската јавност очекува наскоро Азар и официјално да биде претставен како фудбалер на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…