Поранешниот ракометар на Вардар Кевин Њокас кариерата ќе ја продолжи на Блискиот Исток.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нов клуб на Кевин ќе биде Ал Ахли од Саудиска Арабија, клуб со големи амбиции. Откако го напуштија Вардар Кевин заедно со неговиот брат Оливие беа дел од Ал Наџма и со овој клуб играа на Заливскиот Куп и Азиското првенство.




Со клубот од Бахреин го освоија Заливскиот куп, а двајцата по добрите настапи пред два месеци дебитираа за репрезентацијата на Конго. Освен Вардар во минатото Кевин го носеше дресот на Бенфика, Гумерзбах, Гепинген, Шамбери и ПСЖ.




Во еден период беше дел и од репрезентацијата на Франција за која собра 40 натпревари.
Фото: РК Вардар