Најдобрата ракометарка во историјата на Хрватска и поранешен член на ЖРК Вардар од 2014 до 2018 година, Андреа Пенезиќ стави крај на кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во овој момент таа настапува за Сиофок, а самата објави дека на крајот од сезоната ќе стави крај на кариерата.
„Минатата сезона кажав дека ќе биде крај, меѓутоа се предомислив. Но, овој пат е навистина крај, без разлика како ќе играм доста е. Сакам повеќе да се посветам на моето семејство“, изјави Пенезиќ која во Вардар имаше голем успех.