На некогашниот руски олимпиец и носител на злато од ЗОИ во 2006 во Торино, Роман Костомаров ќе мора да му бидат ампутирани и двете нозе.
Костомаров води голема битка за својот живот откако е во вештачка кома, пред неполн месец бил хоспитализиран во болница поради бронхопневмонија. Злато Костомаров освои во уметничко лизгање.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговата состојба не е добра и скоро еден месец е приклучен на распиратор и во овој момент е во индуцирана кома затоа што двете нозе морале да му бидат ампутирани.
Руската новинска агенција ТАС објави дека Костомаров повеќе од пет дена бил поврзан со ЕЦМО за вештачка оксигенација на крвта и во тој период се појавиле сериозни компликации во телото.
Дополнителните прегледи покажале дека ќе мора да му се ампутираат и двете нозе. Во овој лош период од неговиот живот, токму денес Костомаров полни 46 години.