Кристиано Роналдо доби шанса од клупата за резерви на мечот со Швајцарија, а поранешниот асистент на тренерот Сер Алекс Фергусон кажа дека селекторот Фернандо Сантош постапил исправно.
Рене Моленстин работеше во стручниот штаб на Манчестер Јунајтед и неколку години соработуваше со Роналдо. Тој даде коментар за одлуката на португалскиот селектор, кој морал да покаже кој е главен во соблекувалната на Португалија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Верувам дека никој не сака да е португалски селектор во моментов, но тоа е тажно. Сметам дека Сантош донесе исправна одлука за Роналдо и тоа беше јасна порака до сите во соблекувалната“, кажа Моленстин.