Дома Фудбал Порака на Елмас по освоеното Скудето: Доаѓаме од мали земји, останатото е историја!

Порака на Елмас по освоеното Скудето: Доаѓаме од мали земји, останатото е историја!

Елиф Елмас со Наполи вчера и официјално стана вториот Македонец по Горан Пандев кој освоил Скудето.

Титулата во Неапол се чекаше 33 години, уште од времето на Марадона, а претходниот Македонец кој освои Скудето беше Горан Пандев со Интер во 2010-та година.

Честитки за третата титула во историјата на Наполи пристигнуваат од сите страни, со порака на социјалните мрежи се огласи и Елмас.

„Ние доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија и Камерун, останатото е ИСТОРИЈА. Сонот на Неапол стана реалност“, гласи пораката на македонскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл се распрашува за Миранда, Јувентус ја следи истата цел

Левиот бек на Болоња е на радарот на Њукасл за јануари. Според „Тутоспорт“, англискиот клу…