Дома Македонски спорт Пораз од Египет: Ракометарите ќе играат за бронза во Алжир

Пораз од Египет: Ракометарите ќе играат за бронза во Алжир

Машката ракометна репрезентација на Македонија не успеа да направи изненадување и забележа пораз од Египет од 20:34 во полуфиналето на Медитеранските игри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Египетските ракометари пред далеку поголема поддршк од трибините подобро го отворија натпреварот. Нашиот напад во тој почетен период не беше на ниво и првиот гол го постигнавме дури после три ипол минути игра.

Во продолжение Марко Кизиќ врза неколку одбрани, го подобривме нападот и успеавме да се доближиме на минус еден (6:7). До паузата Египет повторно играше подобро и се „одлепи“ на 16:10, резултат со кој се замина на полувремето.

Натпреварот беше решен во првите 10 минути од вториот дел кога Египет поведе со 22:12, тука веќе беше јасно дека нашата подмладена репрезентација нема да има сили да се врати резултатски во мечот. Египќаните рутински го приведоа натпреварот до крајот и славеа со конечни 34:20.

Павле Атанасијевиќ, Стојковиќ, Џонов и Јагуриновски постигнаа по три гола во нашиот табор. Натпреварот за третото место ќе го играме в среда од 12:30 против поразениот од мечот помеѓу Шпанија и Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…