Дома Останати Кошарка НБА Пораз на Денвер од најлошиот тим, триумф на Лејкерси, Лаверт со чудесна четвртина до рекорд на кариерата (ВИДЕО)

Пораз на Денвер од најлошиот тим, триумф на Лејкерси, Лаверт со чудесна четвртина до рекорд на кариерата (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.

Кошаркарите на Денвер изгубија од Голден Стејт Вориорси со 116:100. Вориорси сезонава играат далеку под нивото на минатите сезони и се најлош тим во лигата. За Денвер ова беше втор пораз во последните три натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вориорси подобро го започнаа натпреварот и после првата имаа мала предност, за во наредните две Денвер да го диктира ритамот, во еден момент имаа и 15 поени предност. Сепак, во последната четвртина Вориорси заиграа многу подобро. Наџентси немаа решение во одбраната, па ретрпеа пораз.

Ендру Вигинс ги предводеше Вориорси со 22 поени, 5 скокови и 10 асистенции. Ерик Паскал имаше 22 поени и по 5 скокови и асистенции. Во тимот на Денвер, Никола Јокиќ имаше учинок од 16 поени, 13 скокови и 7 асистенции. Вил Бартон и Пол Милсап уфрлија по 18 поени, Мејсон Пламли 16, а Џамал Мареј 14.

Лејкерси во „Стејплс Центарот“ славеа против Филаделфија со 120:107. Иако Филаделфија подобро започна во продолжение Лејкерси го контролираа натпреварот. Ентони Дејвис постигна 37 поени, 13 скокови и 2 асистенции. Леброн натпреварот го заврши 22 поени, 7 скокови и 14 асистенции.

Фантастичен натпревар во победата на Бруклин Нетс против Бостон после продолжениа (120:129) одигра Карис Лаверт. Лаверт постигна 51 поен и од нив дури 37 беа во последната четвртина и продолжението. Кај Селтикси најдобри беа Џејлен Браун со 22 поени и Кемба Вокер со 21 поен.

НБА резултати:

Шарлот – Сан Антонио 103:104

Бостон – Бруклин 120:129 (пп)

Њу Орлеанс – Минесота 134:139

Оклахома – Клиперси 94:109

Денвер – Голден Стејт 100:116

Феникс – Торнто 114:123

Лејкерси – Филаделфија 120:107

Сакраменто – Вашингтон 133:126

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…