Дома Фудбал Поразот тешко му падна: Откритието на Реал Мадрид неутешно плачеше после „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Поразот тешко му падна: Откритието на Реал Мадрид неутешно плачеше после „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Болен пораз претрпе Реал Мадрид во полуфиналето од шпанскиот куп против Барселона.

Резултатот 3:0 не беше реална слика на она што го видовме на теренот. Реал Мадрид посебно во првото полувреме беше опасен и создаваше прилики, но сепак кај „кралевите“ изостана реализацијата. Барселона упати само четири удари кон голот на домаќините, но три од тие четири завршија во мрежата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Неправедноста на поразот тешко ја поднесе младиот 22 годишен лев бек на Реал Мадрид, Серхио Регулион кој после натпреварот се расплака. До него беше соиграчот Лукас Васкез кој се обидуваше да го утеши, но не му помогна многу.

Младиот Шпанец кого Сантијаго Солари го форсира место Марсело е едно од откритијата оваа сезона, но не можеше многу да помогне во овој натпревар каде што Барселона предводена од Тер Штеген, Дембеле и Суарез однесе убедлива победа.

Регулион е производ на младинската школа на шпанскиот гигант и навивачите на овој клуб исклучително го ценат, а после овие сцени сигурно дека  ќе собере уште повеќе симпатии.

Младиот фудбалер после натпреварот се огласи и на социјалните мрежи.

„Го научив тоа додека бев дете во овој клуб. Кога ќе паднеш, стануваш“ порача Регулион.

Оваа сезона зад своето име тој има 17 настапи и две асистенции, одигра 1347 минути за актуелниот шампион на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…