Дома Фудбал Италија Поради Роналдо играчите на Јувентус бараат поголеми плати?

Поради Роналдо играчите на Јувентус бараат поголеми плати?

Кристијано Роналдо минатата година пристигна во Јувентус и од тогаш многу работи се променија во Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се промени и ставот на останатите играчи спрема платата која ја добиваат од Старата дама.

Калчомеркато пишува дека барањата од играчите на Јувентус околу примањата се зголемиле од доаѓањето на Роналдо, а јасен показател за таквата ситуација е случајот со Бонучи.

Искусниот дефанзивец потпиша нов договор со Јувентус, со кој му се гарантираа драстично поголеми примања.

Така, 32-годишниот дефанзивец наместо 5,5 ќе заработува 7,5 милиони по сезона.

Се очекува наскоро по неговите стапки да тргнат и уште неколку играчи на Јуве.

Инаку, Кристијано Роналдо од Јувентус годишно добива повеќе од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо со строги правила ги „замрзна“ играчите на Реал – За многумина ќе биде вистински шок!

Новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одлучи да воведе строги правила на однесување м…