Дома Фудбал Англија Поради оваа клазула Фирмино против Свонси за 15 минути заработи мало богатство!

Поради оваа клазула Фирмино против Свонси за 15 минути заработи мало богатство!

firmino

Во 20 коло кое традиционално се игра на „Боксинг деј“ Ливерпул со 5:0 славеше над тимот на Свонси.

Еден од најдобрите во тимот на „црвените“ во овој натпревар беше Роберто Фирмино кој два пати се запиша во листата на стрелци, а со тоа практично заработи мало богатство.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, тој заработув 77.000 евра неделно со што не спаѓа помеѓу најплатените фудбалери во лигата, но Бразилецот има интересна клазула за бонуси во случај на постигнати погодоци.

Од доаѓањето на Јирген Клоп на клупата на „црвените“ Бразилецот постигна 38 погодоци и 25 асистенции.

Износот на бонусот се менува во зависност од постигнатите погодоци, па така за првите пет погодоци во сезоната заработи по 28.000 евра за секој, додека другите пет се поскапи и вредат 50.000 евра.

До уште поголем износ Фирмино стигнува од 11 до 15 погодок и тука за секој погодок Фирмино ќе добива по 73.000 евра, а за над 15 погодоци и по 96.000 евра.

Бидејќи Фирмино против Свонси во 52 и 66 минута ги постигна својот 15 и 16 погодок оваа сезона, се доаѓа до заклучок дека за само 15 минути заработил 170.000.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави се огласи по најавите дека ќе биде сменет!

Од по натпреваерот против Алмерија во јавноста на големо се пишува за можната смена на Чав…