Дома Фудбал Поради немирите во Каталонија, „Ел Класико“ ќе се игра на „Сантиаго Бернабеу“!?

Поради немирите во Каталонија, „Ел Класико“ ќе се игра на „Сантиаго Бернабеу“!?

Напнатата политичка ситуација во Каталонија е причина за шпанската фудбалска федерација да размислува да го смени редоследот на одигрување на дуелите меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Според пишувањата на „АС“, Федерацијата предложила големото дерби помеѓу Барселона и Реал кое е на програмата на 26-ти октомври да се игра во Мадрид, наместо на „Камп Ноу“.

Мечот требаше да се игра на Камп Ноу во 13 часот, но Ла Лига им предложила на Барса и Реал мечот да се одржи во Мадрид на Сантијаго Бернабеу, а возвратниот натпревар, во март следната година, да биде на Камп Ноу.

Конечната одлука за евентуалната промена на местото на одигрување на „Ел Класико“ ќе ја донесе Комитететот за натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…