Дома Фудбал Италија Поради него стана голман – Буфон го откри својот идол и ги изненади сите!

Поради него стана голман – Буфон го откри својот идол и ги изненади сите!

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон по Светското првенство следното лето кое се игра во Русија речиси сигурно ќе ја заврши својата кариера.

Буфон со одлични партии на голот на Јувентус и репрезентацијата на Италија израсна во еден од најдобрите голмани во светот, а иако се наоѓа на самиот крај од неговата кариера, се уште воодушевува со своите одбрани. Сепак, речиси сигурно е дека ќе ги закачи копачките на клин следното лето по Светското првенство во Русија.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Италијанскиот голман по натпреварот против Шпанија одлучи да даде интервју за шпанската „Марка“, каде што говореше за својата богата кариера. Буфон откри поради кого се одлучил да стане голман, како и најголемиот виновник за она што се случило.

Се разбира, неговиот одговор шокираше многумина, бидејќи ретко кој би помислил дека негов идол бил поранешниот голман на Камерун.

„Кога бев дете постоеше голман кој за мене беше неопислив. Тоа е поранешниот голман на Камерун, Томас Н`Коно. Го видов на СП 1990. година и заедно со Италија навистина искрено навивав и за Камерун. Првиот натпревар беше помеѓу Аргентина и Камерун, кој внимателно го гледав. Победи Камерун и јас тогаш одлучив да станам голман“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Саутегјт откри од што не е задоволен во играта против Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека е задовол…