Дома Останати Поради допингуван коњ Кина изгуби едно место на Олимписките игри

Поради допингуван коњ Кина изгуби едно место на Олимписките игри

Кина го загуби своето место во екипното коњичко натпреварување на Олимписките игри во Париз следната година, откако беше откриено дека коњот на трикратниот олимпиец има забранет лек во крвта.

Така, Јапонија ќе ја замени Кина во коњичкиот натпревар во Версајската палата. Меѓународната коњичка федерација (ФЕИ) во средата соопшти дека кинеската репрезентација го загубила местото за олимписки квалификации откако била пронајдена контролирана супстанца во крвта на коњот што го јавал Алекс Хуа Тиан на настан во Ирска во јуни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кина го заврши натпреварувањето на второто место по Австралија и обезбеди влез меѓу 16-те репрезентации на Олимписките игри. Јапонија, која беше трета во Ирска, сега се искачи на второто место.

„Бидејќи ова беше административна постапка за прекршување на Правилникот за контролирани дроги, не беше изречена суспензија за натпреварувачот Хуи Тиан“, се вели во соопштението на ФЕИ.

33-годишниот јавач, кому ФЕИ му израче казна од 3.500 швајцарски франци, сепак може да се обиде да се квалификува во рангирањето за поединечно натпреварување во Париз. Коњичкиот натпревар во Версај ќе биде од 27 јули до 6 август следната година.

Хуа Тијан, роден во Лондон, ја претставуваше Кина на Олимписките игри во Пекинг 2008, Игрите во Рио де Жанеиро 2016 и Олимписките игри во Токио 2021. Во Токио, Кина заврши деветто, а Јапонија на 11-то место во екипна конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз после голема борба во четвртфинале во Мадрид

Карлос Алкараз во меч кој траеше речиси три часа Шпанецот го победи Штруф  и се …