Дома Останати Кошарка НБА Понуда каква што не се одбива: Јокиќ станува најплатениот кошаркар во историјата на НБА!

Понуда каква што не се одбива: Јокиќ станува најплатениот кошаркар во историјата на НБА!

Зад Никола Јокиќ е уште една МВП сезона во НБА лигата, но неговиот Денвер повторно не успеа да направи нешто повеќе во плеј-офот.

Многумина сметаат дека можеби најдобриот кошаркар во лигата треба да размисли за промена на средината, за во текот на кариерата да си ги зголеми шансите за освојување на шампионскиот прстен во најсилната лига на светот, но се чини дека српскиот центар ќе остане верен на Нагетс, со многу подобри финансиски услови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарот на „Атлетик“ Шемс Чарани денеска откри дека Јокиќ постигнал договор со челниците на Денвер и дека во јули ќе потпише „супермакс“ договор на пет години.

Тој договор ќе биде вреден 260 милиони долари, а доколку Јокиќ го потпише ќе стане најплатениот играч во историјата на НБА лигата!

Јасно е дека станува збор за понуда која не се одбива, Останува „само“ на Нагетс да формираат засилен тим заедно со Јокиќ, способен да се бори за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…