Дома Фудбал Останато Понудата е слаба: Еве што можеме да гледаме во текот на викендот!

Понудата е слаба: Еве што можеме да гледаме во текот на викендот!

Поради пандемијата со коронавирус спортските настапи се одложуваат масовно, па во следните две или повеќе недели љубителите на спортот нема да имаат голем избор кога се ТВ преносите во прашање.

Кошаркарските натпреварувања се целосно откажани, па нема да ги гледаме најдобрите кошаркарски лиги ширум светот. Сепак, фудбалските лиги се играат во одредени земји, така што ќе можеме да видиме некои возбудлувања на зелените терени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После последната информација за откажување на Бундеслигата, понудата навистина се редуцира, па најинтересно ќе биде во Турција, каде можеме да гледаме две големи дербија овој викенд.

Во недела е дербито Галатасарај-Бешикташ, натпревар кој можеби во овој момент привлекува најмногу внимание, а нешто порано ќе имаме можност да го гледаме дуелот за првото место на табелата помеѓу Трабзонспор и Башакшехир.

Фудбал овој викенд ќе се игра уште во Србија, Русија, Украина, Црна Гора и Унгарија, каде настапуваат тројца македонски репрезентативци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…