Дома Останати Кошарка Пол Пирс замина во пензија!

Пол Пирс замина во пензија!

Легендата на Бостон Селтикс, Пол Пирс, се врати во „ТД Гарден“ како играч на ЛА Клиперс и на теренот каде ги оствари најголемите успеси стави крај на својата професионална кариера.

Пол Пирс пред 18 години, на 5-ти февруари, прв пат се појави во стартната петорка на Бостон, а судбината му одреди на истиот ден и да ја заврши блескавата кариера.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пирс започна во стартната петорка на ЛА Клиперс, а малку недостасуваше во својот последен меч „ТД Гарден“ да го напушти без постигнат поени, но тоа му успеа на 11 секунди пред крајот кога постигна тројка, што предизвика ерупција од задоволство и радост на трибините.

Пол Пирс, 15 години играше за Бостон и успеа да стане легенда на една од најпознатите и најтрофејни НБА франшизи. Тој е втор на листата на најдобри стрелци во клупската историја, пред него е само уште еден легендарен кошаркар, Џон Хавличек.

Пирс во 2008 година го оствари сонот кога ја освои единствената титула во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Фјури со тешки обвинувања: Усик победи затоа што Украина е во војна

Олександар Усик е новиот светски шампион во бокс, откако во голема борба го победи Тајсон …