Дома Останати Кошарка НБА Пол го прочита Дончиќ во последните секунди, Хјусон однесе победа, Феникс после 18 порази ги победи Вориорси! (ВИДЕ)

Пол го прочита Дончиќ во последните секунди, Хјусон однесе победа, Феникс после 18 порази ги победи Вориорси! (ВИДЕ)

Изминатата вечер во НБА лигата бе одиграни четири натпревари.

Успеа Далас да го сопре Џејмс Харден, но победата им ја „украде“ Крис Пол.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Кошаркарите на Далас имаа шут за победа против Хјустон, но Крис Пол маестрално реагираше и го блокираше шутот на Џелен Брунсон за конечни 94:93.

Претходно Пол прочита каде Лука Дончиќ ќе ја додаде топката и ја затвори токму таа страна.

„Го прочитав Дончиќ и знаев дека топката ќе оди кон Џален. Тој потоа немаше време за ништо друго освен да шутира“, изјави Пол.

Заедно со Ерик Гордон кој уфрли 26 поени, додека Харден „одмараше“ и уфрли за него премалку 20 поени, Капел го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок од 17 поени и 12 скокови, додека Грин имаше 11 поени и седум скокови.

Лука Дончиќ на другата страна беше блиску до трипл-дабл. Словенецот натпреварот го заврши со 19 поени, 15 скокови и девет асистенции, но тоа последно додавање не беше успешно.

Новинарите забележаа дека Дончиќ пред крајот на натпреварот има проблеми со повреда на коленото.

„Се надевам дека не е ништо сериозно, ќе знаеме повеќе во вторник“, изјави тренерот на Далас.

https://youtu.be/6F2eWQG3diQ

Поен помалку од Дончиќ постигна Брунсон, а единствено уште Макс Клебер беше двоцифрен. Притоа додаде и 11 скокови, но играше одлично во одбраната против Харден.

https://youtu.be/sdNJdc3kcIQ

Феникс приреди големо изненадување славејќи над актуелниот шампион со 115:111.

И тоа ова е прва победа за Феникс против Голден Стејт после 18 порази! Тоа беше најдолга негативна низа на Санси против еден ривал. Последен пат против „Воините“ славеа на 9-ти ноември 2014 година.

Девин Букер беше најзаслужен за триумфот со 13 поени во завршницата. На крајот натпреварот го заврши со 27 поени, 11 асистенции и осум скокови.
Обри имаше 22, Ајтон 18 и девет скокови, додека Џонсон и Бриџис додадоа по 10.

Клеј Томпсон уфрли 28, Дурант три помалку ,а Кари натпреварот го заврши со 18 поени, осум асистенции и седум скокови. Двоцифрен беше уште Казинс со 13 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=D0HTgWfUnDs

НБА резултати:

Далас – Хјустон 93:94

Минесота – Њујорк 103:92

Сан Антонио – Милвоки 121:114

Голден Стејт – Феникс 111:115

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Хаос во Гелзенкирхен: Се тепаа албански и српски навивачи! 🎥

Во Гелзенкирхен каде што вечерва треба репрезентацијата на Србија да игра против Англија с…