Дома Македонски спорт Мак фудбал Полувреме: Кире Маркоски стрелаше, Шкупи има водство

Полувреме: Кире Маркоски стрелаше, Шкупи има водство

Тимот на Шкупи вечерва го игра натпреварот од првото коло во Конференциската лига против косковскиот Лапи.

На Арената „Тодор Проески“ од почетокот гледавме еден мирен натпревар со малку прилики за гол. Првата посериозна закана ја имаше Шкупи после половина час игра и тоа беше закана после еден изведен корнер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во еден таков натпревар без шанси Шкупи до водство стигна во 36. минута кога Кире Маркоски искористи една грешка во одбраната на гостите и го совлада голманот Чориќ.

И во остатоткот од полувремето гледавме иста слика на теренот, се играше во главно на теренот, а Шкупи имаше и закана преку Матеј Цветановски кој во 43. минута шутираше од работ на шеснаесетникот, меѓутоа неговиот удар одеше онаму каде што беше поставен чуварот на мрежата на Лапи.

Така првиот дел заврши со водство за Шкупи од 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиите ова коло биле без грешка – и во ПМФЛ и во ВМФЛ!

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните…