Дома Македонски спорт Полувреме: Грузија – Македонија 1:0, негатива и покрај добрата игра

Полувреме: Грузија – Македонија 1:0, негатива и покрај добрата игра

Од Тбилиси Јовица Симоноски

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонската фудбалска репрезентација губи по првите 45 минути од Грузија во Тбилиси со 1:0. А по половина час игра се беше на наша страна.

Македонија одлично го почна мечот и го диктираше темпото на игра. Момците на Милевски се растрчаа и Грузија немаше идеа како да стигне до нашиот шеснаесеттик. Македонија имаше и неколку можности за гол, а беше опасна и по прекините. Но она што не успеавме ние да го искористиме, го казни Грузија.

Првата шанса Грузија ја имаше во 33-та минута кога по ударот надвор од шеснаесеттикот, Столе топката ја исфрли во корна. По корната падна и голот. Имаше краток корнер, Кваратскелија кој до тој момент како да не постоеше на теренот влезе во шеснаесеттикот, упати брза топка во петерецот и Миовски постигна автогол.

По голот опадна играта на македонската репрезентација, но ако Милевски успее да ги враи на вистински колосег, оже да веруваме во добар резултат во Тбилиси, каде до сега на двата меча немаме пораз играјќи 1:1 и 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Teбас брутално го нападна Инфантино: Мора веднаш да си замине!

Организирањето на Светското фудбалско првенство во Америка привлече бројни критики од нави…