Дома Македонски спорт Мак ракомет Полувреме: Вардар на +5 во македонското дерби!

Полувреме: Вардар на +5 во македонското дерби!

Денес во македонската ракометна Суперлига се одигра дербито помеѓу Вардар и Е.Пелистер.

Во почетните минути гледавме изедначен натпревар во кој се играше гол за гол, така беше до шестата минута кога Вардар почна да се „одлепува“. Од таа шеста минута, до десетата Вардар направи предност од 7:4. Одличен во тие моменти кај црвено-црнтие беше Анте Гаџа кој постигна три гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На половина од полувремето гостите од Битола успеаа да се вратат на само -1. (8:7).

Следните минути одново донесоа подобра игра на Вардар. Во 20 минута Дибиров пресече една контра и погоди за плус 4 (11:7). И тука Вардар не застана постигна гол и за 12:7, а Пелистер не го реализираше и следниот напад, па Вардар преку Стоилов дојде и до предност од шест гола разлика (13:7). Минуте без гол во 22. минута за гостите ја прекина Граџан. (13:8).

Со серија од 3:0 Е.Пелистер се врати на -3 на пет минути до крајот на првиот дел. (13:11).

Како да се менуваа двете екипи со сериите, па по таа серија од 3:0 на гостите Вардар, направија иста таква за враќање на предноста од пет гола разлика (16:11).

На полувреме се замина со резултат 17:12.

Најефикасни на полувремето беа Дисингер и Гаџа кај Вардар со по четири гола, на спротивната страна по толку постигнаа Граџан и Мандалиниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Раде Стојановиќ го објави списокот на младинците за натпреварите со Словенија

Стручниот штаб и селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го обј…