Дома Останати Тенис Полициски час го запре Ѓоковиќ, Хуркач „тврд орев“

Полициски час го запре Ѓоковиќ, Хуркач „тврд орев“

Мечот од осминафиналето на грен слем турнирот „Вимблдон“ помеѓу Новак Ѓоковиќ и Хуберт Хуркач е прекинат поради полицискиот час во Лондон, при 2:0 (7:6, 7:6) во сетови за српскиот тенисер.

Овој дуел ќе продолжи в понеделник, првиот сет го доби Ѓоковиќ во тај-брејк со резултат 8:6, откако спаси три врзани сет топки од кои една на сервис на противникот од Полска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот сет Ѓоковиќ стигна до брејк топка во два сервис-гема на противникот.

Првиот пат беше во четвртиот гем при 40:30, а потоа во осмиот гем имаше дури четири, од кои три беа врзани, но Полјакот успеа да се извлече и да го однесе сетот во нов тајбрејк.

Ѓоковиќ добро го отвори тајбрејкот на свој сервис, а потоа веднаш направи минибрејк и поведе со 2:0. И двајцата тенисери го задржаа својот сервис до резултат 4:4, но Хуркач возврати со уште еден минибрејк и поведе со 5:4.

Потоа, вториот светски рекет врза два поени и дојде до првата сет топка која не ја искористи, но по неизнудената грешка на полскиот тенисер набрзо го реши сетот во своја корист и поведе со 2:0.

Ова е инаку шест меѓусебен дуел, а Ѓоковиќ славеше во сите претходни пет.

Единствениот пат на „Вимблдон“ се сретнаа во 2019 година во осминафиналето кога Србинот славеше со 7:5, 6:7 (5), 6:1 и 6:4.

Победникот од овој меч за место во полуфиналето ќе игра против Русинот Андреј Рубљов кој го елиминираше Александар Бублик од Казахстан со 3:2 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…