Дома Фудбал Франција Покетино: Ќе видиме дали Меси ќе игра против Лил

Покетино: Ќе видиме дали Меси ќе игра против Лил

Во рамките од 12. коло во француското фудбалско првенство силите ќе ги одмерат ПСЖ и актуелниот шампион Лил.

Актуелниот шампион не ја отвори најдобро сезона. После 11 одиграни кола се наоѓа на 10. место, а утре ќе се сретнат со лидерот на табелата ПСЖ кој би можел да биде ослабен за овој дуел.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, на денешната прес-конференција тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино истакна дека еден, Лионел Меси е повреден и неговиот настап е под знак прашалник. Покетино објасни дека Меси после дуелот со Марсеј тренирал со екипата, но денес поради болки во мускулите тренирал одвоено.

„После натпреварот со Марсеј тренираше како и вообичаено со екипата. Денес работеше индивидуално затоа што пријави болки во мускулот. Ќе видиме утре дали може да игра“, изјави Покетино.

Ќе потсетиме, Меси во првенството на ПСЖ одигра четири натпревари и се уште зад своето име нема ниту еден погодок. ПСЖ после 11 одиграни кола се наоѓа на чело на табелата со 28 бодсови, додека второпласираниот Ленс има 21 бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…