Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино го кажа своето мислење за преместувањето на финалето во ЛШ од Санкт Петербург од Париз.
УЕФА денес одлучи финалето оваа година во Лигата на шампиони да се одигра во Париз, поради руската офанзива над Украина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„За нас ова е дополнителна мотивација. ПСЖ веќе игра во финалето од ЛШ, што е неверојатно. Треба да работиме напорно за да го одиграме тој меч. Парижаните ќе се радуваат да го видат ПСЖ во финалето. Сепак, чуството да се игра финале е исто во било кој град“, изјави Покетино.
ПСЖ го победи Реал Мадрид со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од ЛШ, а реваншот е во Мадрид на 9 март.