Маурисио Покетино призна дека не очекувал од ПСЖ да го доведе Меси.
Аргентинецот сакаше да остане во Барселона, Барселона сакаше да го задржи, но на крајот Меси мораше да замине поради финансиските проблеми во Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покетино секако е воодушевен што ќе го има на располагање, но призна дека не очекувал.
„Не мислев дека тоа е моќно, а кога се укажа шанса се беше мнгоу брзо па веднаш не ни сфативме што се случува. Долго време му се воодушевував кога бевме на спротивни страни и убаво е што сега ќе го имам во својот тим. Се надевам дека ќе го оствариме она што овој клуб го заслужува“.
„Јас веројатно не сум најдобрата личност да го опише Меси. Постојат луѓе со поширок вокабулар на зборови кои можат тоа да го направат. Него секогаш ќе го сметам за еден од најдобрите во светот. Одлично се прилагодува во ПСЖ и добро тренира“, изјави Покетино.