Дома Фудбал Останато Покетино побара од ПСЖ да го пушти во Тотенхем

Покетино побара од ПСЖ да го пушти во Тотенхем

Тренерот на Пари Сент Жермен, Маурисио Покетино може да се врати во Тотенхем, пренесуваат медиумите на Островот.

Според „Сан“ Аргентинецот не е среќен во Париз и сериозно размислува за враќање во Премиер лигата.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви ја призна грешката и ќе се обиде да го убеди Покетино да се врати на кормилото на „спарси“.

Покетино има договор со ПСЖ до јуни 2022 година, но веќе го известил раководството дека сака да го напушти клубот.

Тој имал телефонски разговор со Леви и е спремен да се врати во Тотенхем, но последниот збор ќе го има ПСЖ, кој за сега не сака да го ослободи аргентинскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо воведе строги правила во Реал Мадрид: Кој ќе доцни на тренинг, ќе го пропушти и следниот натпревар!

Жозе Мурињо, наводно, вовел строги дисциплински правила во Реал Мадрид, пренесува „The Sun…