Тренерот на Пари Сен Жермен Маурисио Покетино изјави дека му се воодушевува на својот колега Пеп Гвардиола од Манчестер Сити пред полуфиналниот дуел на овие две екипи во Лигата на шампипните.
„Пеп е најдобар. Му се воодушевувам и мислам дека работи фантастично. Тој е неверојатен тренер, секогаш смислува нови стратегии и тактики, сакам да играм против тимовите кои тој ги води“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатата сезона ПСЖ играше финале во Лигата на шампионите каде што беше поразен од Баерн.
„Сега имаме повеќе искуство, но мораме да одиме чекори по чекор. Потребно е да го победиме Сити што ќе биде многу тешко“, изјави Покетино.
Првиот дуел помеѓу ПСЖ и Сити ќе се игра во среда во Париз со почеток од 21:00 час.