Дома Фудбал Останато Покетино не ги сакал Меси, Рамос и Донарума

Покетино не ги сакал Меси, Рамос и Донарума

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино ги влошил односите со клупското раководство поточно со спортскиот директор Леонардо, а причината за тоа се летните трансфери.

Имено, аргентинскиот стратег не ги сакал Лео Меси, Серхио Рамос и Донарума, кои ова лето пристигнаа во ПСЖ како слободни агенти.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Покетино сметал дека составот со кој работи е преголем и треба да биде редуциран и дека со доаѓањето на овие три ѕвезди само ќе се наруши балансот и односите во соблекувалната.

Покрај споменатите тројца во ПСЖ летово пристигнаа уште Вајналдум, Нуно Мендеш и Аштраф Хакими.

Нарушениот однос со раководството е една од причините поради кои Покетино сака да го напушти клубот на крајот на сезоната. „Светците“ исто така не се задоволни од него и веќе бараат нов тренер.

„Екип“ пренесува дека ПСЖ веќе започнал преговори со Зинедин Зидан и тој е прв избор за богатиот француски клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Јувентус жестоко го навредија Влаховиќ, па тој одговори на Инстаграм

Навивачите на Јувентус не се задоволни од настапите на нивниот напаѓач и српски репрезента…