Дома Фудбал Франција Покетино: Мбапе не го смисли проектот на ПСЖ во кој немаше место за мене

Покетино: Мбапе не го смисли проектот на ПСЖ во кој немаше место за мене

Поранешниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино истакна дека Килијан Мбапе не бил тој кој барал негово заминување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите шпекулираа дека одличниот напаѓач кој неодамна го продолжи договорот со ПСЖ бил иницијатор Аргентинецот да ја напушти клупата на шампионот на Франција.

Меѓутоа Покетино тие информации ги демантираше и порача дека одлуката за негово заминување е само одлука на челниците на клубот.

„ПСЖ направи се за да го задржи Мбапе и јас секако се согласував со таквата одлука. Станува збор за еден од најдобрите играчи во светот. Меѓутоа, тој не го смисли новиот проект во кој немаше место за мене. Одлуката ја донесоа тие кои го водат клубот, а не Мбапе“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Зошто поголемиот дел од фудбалерите на Светското првенство носат розови копачки?

ГЛЕДАЧИТЕ кои ја следат првата фаза на Светското првенство 2026 година, освен акциите и го…