Дома Фудбал Останато Покетино: Заљубен сум во Кејн, мојата жена е љубоморна, а сигурно и неговата

Покетино: Заљубен сум во Кејн, мојата жена е љубоморна, а сигурно и неговата

Хари Кејн е незаменлив дел од тимот на Тотенхем.

Неверојатниот напаѓач на „петлите“ вчера против Апоел запиша хет-трик, а со тоа стигна до бројката 34 погодоци за Тотенхем во 30 натпревар во оваа календарска година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако го немаше никаде во август, Кејн овој месец постигна веќе девет погодоци, од кои пет ги постигна на последните два натпревари. Покрај тоа неговиот хет-трик беше соврешен, еден гол постигна со лева, еден со десна и еден со глава.

Тренерот на клубот од Лондон, Маурисио Покетино, после натпреварот имаше само пофални зборови за англискиот напаѓач.

„Јас сум заљубен во него. Мојата жена е љубоморна, а и неговата сигурно. Неверојатен е. Што да се каже, не постојат многу играчи каков што е Кејн. Тој има убиствен инстикт што го прави еден од најдобрите во светот“, истакна тренерот на „петлите“.

Тотенхем после две кола во групата Х освои шест бодови како и Реал додека, Борусија и Апоел сеуште се без бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…