Само еден ден откако се раздели со Челзи, Маурисио Покетино се појавува во островските медиуми како главен кандидат за функцијата нов менаџер на Манчестер Јунајтед.
Како што пренесува „Сан“, Аргентинецот нема долго да чека на нова работа и големи се шансите наскоро да го преземе Јунајтед.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одлуката е на раководството на тимот од „Олд Трафорд“ и на новиот косопственик Џим Ретклиф, кои мора да одлучат дали Ерик тен Хаг ќе остане на клупата и во следната сезона.
Јунајтед во сабота игра во финалето на ФА Купот против градскиот ривал Сити и по тој натпревар треба да се донесе одлуката.
Покрај Покетино, како можни кандидати за менаџерската позиција на Манчестер Јунајтед се споменуваат и Томас Тухел, Киран Мекена, Герет Саутгејт, Греам Потер и Роберто де Зерби.
Да потсетиме, Покетино покрај Челзи го водеше и тимот на Тотенхем во Англија.