Дома Фудбал Англија Покетино: Второто полувреме беше најдобро откако сум јас во Тотенхем!

Покетино: Второто полувреме беше најдобро откако сум јас во Тотенхем!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино истакна дека „спарси“ го одиграле најдоброто полувреме против Манчестер Јунајтед откако е тој на клупата.

Тотенхем создаде многу шанси во второто полувреме, но не успеа да го совлада Де Геа и да избегне пораз од „црвените ѓаволи“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Многу сум горд и задоволен. Овде сум 4,5 години и второто полувреме беше најдоброто на Тотенхем кое сум го видел. 11-те одбрани кои ги направи Де Геа се неверјатни. Понекогаш не заслужуваш, но победуваш, тоа се случува во фудбалот“, изјави Покетино.

„Во првото полувреме исто така доминиравме, но Манчестер Јунајтед се бранеше добро. Неверојатно е како не успеавме да постигнеме гол во вториот дел. Примивме гол од контранапад, а потоа одигравме фантастично“, задоволен е Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…