Дома Фудбал Англија Покетино пред Барса зборуваше за можноста Кејн да си замине

Покетино пред Барса зборуваше за можноста Кејн да си замине

Meнаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино не е сигурен дека Хари Кејн ќе остане во Тотенхем уште долг период.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кејн се поврзуваше со трансфер во Каталонија бидејќи Барселона наводно бара долгогодишна замена за Луис Суарез.

Англискиот напаѓач потпиша шестгодишен договор со Тотенхем, а тренерот на Барселона го опиша како неверојатен играч пред натпреварот на овие два тима во Лигата на шампионите.

„Видовме дека многу тимови во Примера и Премиер лигата имаат економски капацитет да украдат важен играч на еден тим. Се случуваше и претходно – Реал го доведе Кристиано од Манчестер, Кутињо го напушти Ливерпул…Се случуваше и ќе се случува во иднина, во тоа сум сигурен“.

„Сепак некогаш не зависи само од парите, туку и од мотивот на самиот играч“, изјави Покетино.

Засега Кејн не кажал јавно дека сака да го напушти Тотенхем, ќе видиме дали интересот од Барселона ќе биде причина тоа да се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид му нуди 23-годишен играч за врска на Манчестер Сити

Фокусот на Реал Мадрид целосно се пренасочи кон заминувања во последниве недели и клубот р…