Дома Фудбал Познат терминот на првото Ел Класико во сезоната

Познат терминот на првото Ел Класико во сезоната

Првото Ел Класико во новата сезона на Ла Лига, дуелот помеѓу Барса и Реал доби официјален термин.

Претседтелот на Ла Лига, Хавиер Тебас синоќа објави дека Барселона на Камп Ноу ќе го пречека Реал Мадрид на 28. октомври и тоа во терминот од 16:15 часот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој попладневен термин е избран поради гледачите ширум светот кои се фанови на најголемите шпански клубови и на повеќето вечерниот термин не им одговара.

Па така, после две години Барса и Реал повторно ќе играат во терминот од 16:15, исто како што беше случај на 3. декември 2016. година.

Тогаш исто така Барса беше домакин, а натпреварот заврши со резултат 1:1. Головите ги постигнаа Луис Суарез и Серхио Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ракитиќ му се закани на Модриќ: Ако го направиш тоа ќе си имаш работа со мене

Се уште не е познато каде ќе игра Лука Модриќ следната сезона, но неговиот сонародник Иван…