Како што стојат работите вториот натпревар помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе го одлучи шампионот за оваа сезона. Најголемото дерби во македонскиот ракомет сега го доби и својоит термин.
Еурофар Пелистер и Вардар ќе се сретнат в сабота во терминот од 19:00 часот, а салата „Боро Чурлевски“ сигурно ќе биде исполнета до последсното место.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првиот натпревар во Скопје беше одбележан со инциденти во кои публиката влезе на теренот, Вардар тој натпревар го доби со 31:24.
Во овој момент на табелата двете екипи имаат по 33 бода со тоа што на Вардар му одговара и реми поради победата во Скопје.